Серхио Рамос во 2005 година пристигна во Реал Мадрид како големо засилување од Севиља. Тогаш „кралскиот тим“ го плати речиси 30 милиони евра и тоа беше фантастичен потег.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, веќе некое време се зборува дека Рамос на лето ќе го напушти клубот затоа што му завршува соработката, а Реал наводно не сака да му ги исполни барањата.
Рамос ја напушти Севиља на 19 години, а неговата одлука да замине во Реал Мадрид не им се допадна на навивачите. Сепак, дефанзивецот е свесен дека тоа била најдобра одлука во кариерата.
„Знам што претставува Севиља. Никој не мора да ми кажува затоа што бев таму и почуствував. Никогаш нема да им простам за болката која ја направија врз мене, мојот дедо и баба и родителите. Затоа бесно реагирав и го славев голот на стадионот на Севиља. Најголема грешка во животот е што не се огласив јавно да кажам што се случува. Други зборуваа за мене и тоа беше најголема грешка“, изјави Рамос.