Дома Фудбал Куман го критикуваше Клоп поради изјава: „Покажа непочитување спрема Реал“

Куман го критикуваше Клоп поради изјава: „Покажа непочитување спрема Реал“

Јирген Клоп пред неколку дена го критикуваше Реал Мадрид после натпреварот од четвртфиналето во ЛШ.

Ливерпул е поразен во првиот натпревар со 3:1, а Клоп порача дека неговите играчи не биле мотивирани и имале чувство како да не играат натпревар во ЛШ кога го виделе стадионот на кој играат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Познато е дека Реал своите домашни натпревари ги игра а помошниот терен Алфредо ди Стефано кој има капацитет од 6.000 гледачи. Критиките на Клоп не и се допаднаа на јавноста, а вчера го критикуваше и тренерот на Барселона, Роналд Куман.

„Покажа непочитување спрема голем клуб каков што е Реал Мадрид. Тие го искористија ова време без навивачи за да го реновираат стадионот и тоа е во ред. Тие играат на овој терен и противниците тоа го знаат, така да за мене тоа не претставува никаков проблем.“ – рече Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Тухел откри како Англија ја совлада Србија: Сѐ очекувавме и без изненадувања!

Англија ја декласираше Србија со 5:0 на стадионот „Рајко Митиќ“ пред 40.000 гледачи. По ов…