Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше проблеми после големата победа над Германија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По враќањето во Шпанија полицијата при една рутинска контрола се посомневала дека Барди поседува фалсификат возачка дозвола. Веднаш македонскиот фудбалер преку официјално соопштение ги демантираше таквите информации и најави дека се ќе биде брзо решено.
Сега како што потврди и тренерот на Леванте, Пако Лопез тој проблем е зад Барди.
„Енис имаше проблеми во изминатата недела, но сега се е решено. Имаше тешки моменти, но тој е одговорно момче за се, па иако се соочуваше со таков проблем на тренинзите цело време беше сто отсто посветен. Воодушевен сум од тоа како го надмина овој период“, изјави Барди.