Дома Топ вести Мбапе ги одби сите понуди од ПСЖ, веќе гледа кон Мадрид

Мбапе ги одби сите понуди од ПСЖ, веќе гледа кон Мадрид

Килијан Мбапе ги одбива богатите понуди на Пари Сент Жермен бидејќи на лето сака да се пресели во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато ПСЖ и Мбапе веќе подолго време се во преговори за продолжување на договорот кој му истекува во 2022 година.

Мбапе на лето ќе влезе во последната година од договорот и ако не стави потпис на нов договор најверојатно ќе биде продаден. Наводно негова желба е да се пресели во Реал Мадрид, па поради тоа ги одбива понудите на ПСЖ.

Наводно Мбапе три пати ги одбивал понудите  на ПСЖ, а последната била од 25 милиони плус бонуси до 2026 година.

Се верува дека Реал не може да му понуди толкава плата, но желбата на Французинот е да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…