Дома Фудбал Англија Ливерпул спреми нови договори за клучните фудбалери

Ливерпул спреми нови договори за клучните фудбалери

Ливерпул ќе понуди нов договор на четирворива клучни фудбалери од тимот, пренесуваат медиумите на Островот.

На „Енфилд“ се подготвува сериозна реконструкција на лето, но некои фудбалери се определени како „недопирливи“ и клубот ќе се обиде да ги задржи со нови договори.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Црвените“ сигурно ќе се разделат со Вајналдум, а се очекува уште неколку фудбалери да го напуштат „Енфилд“. Во исто време раководството прави се што е во негова моќ за да ги задржи Мохамед Салах, Ван Дајк, Фабињо и Алисок Бекер.

Договорите на првите тројца истекуваат во 2023 година, додека Алисон има договор до 2024 година. Продолжувањето на нивните договори е приоритет за клубот.

Во оваа фаза не се предвидени нови договори за Мане, Фабињо и Хендерсон, кои исто така се многу важни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…