Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, откиваат медиумите на Островот.
На врвот на листата желби на „црвените ѓаволи“ е стоперот на Севиља, Жул Кунде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ на лето.
Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе, бидејќи и конкуренцијата е голема.
Последните информации се дека Севиља е спрмена да го пушти за 50 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.