Дома Останати Кошарка НБА Незапирливиот Дончиќ ја сруши одличната Јута 🎥

Незапирливиот Дончиќ ја сруши одличната Јута 🎥

Кошаркарите на Далас Маверикс вчера на свој паркет ја победија Јута со 111:103, а повторно во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ.

Домаќините од почетокот беа подобар тим и после првата четвртина водеа со 27:20. Далас продолжи со одличната игра, па дојдоа и до двоцифрена предност, но во финишот на првиот дел Јута успеа да се врати и на пауза се замина со 50:42 за домаќините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во третата четвртина Далас успеа да го реши натпреварот и да дојде до предност која ја чуваа до крајот на натпреварот. Домаќините играа навистина одлично против одличната Јута и на крајот заслужено славеа со 111:103.

За Јута ова беше прв пораз после девет победи во низа, додека Далас во одлична серија со пет победи во низа во НБА.

До победата Мавси беа предводени од Лука Дончиќ кој постигна 31 поен и додаде уште девет скокови и осум асистенции. Во екипата на Јута Конли беше најдобар со 28 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Њујорк 114:112, Далас – Јута 111:103, Минесота – Сакраменто 116:106, Оклахома – Детроит 108:132, Сан Антонио – Кливленд 101:125, Торонто – Вашингтон 103:101, Хјустон – Феникс 130:133

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…