Дома Трансфер зона Официјално: Реал за 30 милиони евра се засили од Атлетико

Официјално: Реал за 30 милиони евра се засили од Атлетико

Реал Мадрид денес официјално го претстави засилувањето кое пристигна од ривалски Атлетико Мадрид, што некако не е популарен потег помеѓу фудбалерите.

Нов член на Реал стана Тео Ернандес, 19-годишниот лев бек кој изминатата сезона ја мина на позајмица во Депоротиво.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ернандес со Реал потпиша шестгодишен договор до јули 2023. година, а за тоа градскиот ривал ќе добие 30 милиони евра.

Тео Ернандес за првиот тим на Атлетико Мадрид не одигра ниту еден меч, но 11 пати настапи за младиот тим на „Јорганџиите“ во јуниорската лига на шампиони. Досега во Ла лига одигра 32 натпревари за Депортиво Алавес, а неговиот учинок е еден погодок и четири асистенции.

Новото засилување во Реал ќе го носи дресот со број 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Почина претседателот на Фиорентина

Претседателот на Фиорентина и основач и извршен директор на компанијата Mediacom Communica…