Дома Фудбал Симеоне: Ако ја сакаме титулата мораме подобро

Симеоне: Ако ја сакаме титулата мораме подобро

Изгледаше дека Атлетико има сигурна предност на лидерската позиција во Ла Лига, но како што одминува времето Барселона и Реал Мадрид целосно се враќаат во игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера Атлетико беше поразен од Севиља со минимални 1:0.

„Натпреварот беше тежок, тоа и го очекуивавме. Од 30. минута почнавме да играме подобро, но не создававме многу сериозни прилики. Мораме да продолжиме да работиме напорно и да се подобруваме, ако сакаме титула мораме подобро. Пред нас е една недела во која ќе ги имаме сите играчи на располагање, иако неколкумина се под суспензии за дуелот со Бетис. До крајот има уште девет натпревари и мораме добро да бидеме подготвени“, изјави Симеоне.

Атлетико сега е лидер со 66 освоени бодови, Реал втор со 63, Барселона трета со 62 бода и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете што објави Роналдо пред Хрватска: Пораката има над 3 милиони лајкови (Фото)

Во ноќта од четврток на петок во Торонто, Хрватска и Португалија ќе играат натпревар од ос…