Дома Останати Кошарка НБА Клиперси го добија градското дерби со Лејкерси, Јокиќ до нов рекорд 🎥

Клиперси го добија градското дерби со Лејкерси, Јокиќ до нов рекорд 🎥

ЛА Клиперси го добија градското дерби со ЛА Лејкерси 104:86.

Клиперси беа благи фаворити во овој дуел, а на крајот и тоа го потврдија откако беа подобри во три од четирите четвртини.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најефикасен во победничкиот тим со 22 поени беше Морис, додека Ленард го заврши натпреварот со 19 поени и 10 скокови. Кај поразените се истакна Џорџ со 16 поени, исто толку додаде и Хортон-Такер.

Денвер славеше победа против Орландо после голем пресврт. Губеа со 18 разлика, но на крајот го добија натпреварот со 119:109. До победата ги предводеа Арон Гордон со 24 поени, додека Јокиќ додаде 17 поени и запиша 16 асистенции.

Така Јокиќ го престигна легендарниот Вилт Чембрлејн по бројот на двоцифрени асистенции на еден центар во еден натпревар. Српскиот кошаркар го направил тоа дури 81 пат.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Голден Стејт 117:111, Денвер – Орландо 119:109, Хјустон – Њу Орлеанс 115:122, Филаделфија – Мемфис 100:116, Бостон – Шарлот 116:86, ЛА Клиперси – ЛА Лејкерси 104:86, Чикаго – Бруклин 115:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…