Дома Трансфер зона Миланско дерби за дефанзивецот на Јунајтед

Миланско дерби за дефанзивецот на Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи ќе побара трансфер од раководството пренесуваат медиумите на Островот.

Солскјер е во потрага по нов дефанзивец, а тоа значи дека минутажата на Баи додатно ќе се намали, па двете страни сигурно ќе се разделат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Баи на лето влегува во последната година од договорот па тоа е последна шанса Јунајтед да заработи на неговото заминување.

Ситуацијата внимателно ја следат миланските гиганти Интер и Милан и сакаат да го донесат дефанзивецот во Милано.

Интер има одлична соработка со Манчестер Јунајтед и во последните години донесе четворица фудбалери од „Олд Трафорд“.

Негов агент е Мино Раиола кој веќе имал средба со двата клуба, а Јунајтед за слободата на играчот бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…