Дома Трансфер зона Милан го возвраќа ударот, сака да го „украде“ Дибала

Милан го возвраќа ударот, сака да го „украде“ Дибала

Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.

Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Во последните денови на големо се шпекулира со трансфер на Донарума во Јувентус, па „росонерите“ се спремни да тргнат по ѕвездата на „бјанконерите“.

Интерес за Дибала покажува и Интер, а самиот фудбалер преферира да остане во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…