Каталонски „Спорт“ попладнево ексклузивно објави дека познатиот менаџер Мино Раиола пристигнал во Барселона за да преговара за трансферот на Ерлинг Халанд.
Заедно со него е и таткото на норвешкиот напаѓач Инге Халанд, па нема дилеми дека средбата ќе биде за иднината на Ерлинг Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новото раководство на Барселона како примарна трансфер цел го посочи токму Норвежанецот, па Лапорта веќе работи на трансферот.
Медиумот пренесува дека Раиола претходно имал состанок со Борусија Дортмунд и после тоа допатувал на преговори во Барселона.
Халанд е еден од најбараните европски фудбалери и интерес за него покажуваат многу европски гиганти, но во Барселона се убедени дека напаѓачот ќе избере да се пресели на „Камп Ноу“.
Mino Raiola and Alf-Inge Haaland have landed in Barcelona to talk about Erling Haaland's future. pic.twitter.com/TOTvUT3mwT
— Transfer News (@TransfersLlVE) April 1, 2021