Дома Фудбал Де Бур победи со 7:0 и ги нападна аматерите од Гибралтар: Мило ми е што ова заврши…

Де Бур победи со 7:0 и ги нападна аматерите од Гибралтар: Мило ми е што ова заврши…

Холандија вчера на гостувањето ја совлада селекцијата на Гибралтар со 7:0.

Екипата на Франк де Бур очекувано лесно стигна до победата, но холандскиот тренер после натпреварот жестоко ја нападна оваа аматерска селекција.

„Ова е антифудбал. Сите паѓаат после еден додир, а нивната комплетна клупа скокнува да се жали. Голманот по цела минута ја исфрлаше топката. Ме изморија. Мило ми е што овој натпревар е зад нас.“ – рече Де Бур.

Холандија после три одиграни натпревари има шест освоени бода, исто како и Црна Гора и Норвешка, а напред е Турција со бод повеќе.

Во следното коло во септември Холандија гостува во Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…