Барселона се наоѓа во голем проблем, бидејќи може да го загуби Осман Дембеле без обештетување.
Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30 јуни 2022 година, но до сега се уште не му е понудено продолжување на соработката.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Новото раководство наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент, но најпрво сака да донесе одлука дали Французинот ќе биде ставен на трансфер листа.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Дембеле е разочаран и дека можно е да ја одбие понудата за продолжување на договорот за следното лето да си замине без обештетување.