Лејкерси изминатата вечер го потврдија трансферот на Андре Драмонд, меѓутоа одговор имаше и Бруклин кој го доведе Лемаркус Олдриџ.
Бруклин го потврди доведувањето на Олдриџ кој пристигнува во клубот како слободен агент, деталите од договорот поради клупската политика не се објавено.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Олдриџ кој има 35 години важи за еден од најдобрите центри во НБА лигата со просечен учинок од 19.4 поени и 8.3 скокови во текот на неговата 15 годишна кариера.
Американецот во 2006 година беше избран како втор пик на драфтот, пред Сан Антонио настапуваше за Портланд.
Седум пати учествуваше на „Ол-Стар“ викендот и со тоа е рамо до рамо Џејмс Харден, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Блејк Грифин.