Новото раководство на Барселона е убедено дека може да ја добие битката за потписот на Ерлинг Халанд.
Според каталонски „Спорт“ од Барселона веќе ги информирале агентите на Норвежанецот дека тој ќе биде примарна цел на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај финансиските проблеми и високата цена на Халанд, сепак претседателот Лапорта верува дека тој трансфер е неопходен за тимот да направи голем исчекор во квалитет.
Меѓутоа, за реализација на ваков трансфер Барселона мора да ги собере неопходните средства и мора да продаде најмалку една од своите ѕвезди. Први на списокот за продажба се Филипе Кутињо и Антоан Гризман.
Халанд е посакуван од најголемите европски клубови и неговата цена сигурно ќе биде повисока од 100 милиони евра.