Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн денес со својата изјава додатно ги разгоре шпекулациите за негов трансфер.
Веќе неколку недели англиските медиуми шпекулираат дека Хари Кејн на крајот на сезоната ќе го напушти Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно напаѓачот сака да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе може да се бори за најпрестижните трофеи.
Тој за островските медиуми изјави дека во моментов не може да да даде одговор на тоа дали ќе остане во Тотенхем и сега е фокусиран само на фудбал.
„Мислам дека тешко е да се одговори на тоа прашање во овој момент. Важно е да кажам дека мојот фокус е на следните два натпревари за Англија, како и за завршувањето на сезоната со Тотенхем. Потоа ќе се фокусирам на Европското првенство“, изјави Кејн.