Американскиот „ЕСПН“ објави дека Борусија Дормунд е спремна да го продаде Ерлинг Халанд на лето, но поставила астрономска цена.
Норвешката гол-машина игра уште една фантастична сезона и за него силен интрес покажуваат многу европски гиганти, пред се Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ЕСПН“ твди дека Борусија Дортмунд за неговата слобода ова лето ќе бара неверојатни 180 милиони евра.
Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра, но ќе биде на сила, односно ќе се активира во 2022 година.
Неколку клубови се заинтересиранида го купат ова лето, меѓу кои се Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и Челзи.
Сепак, тешко е да се поверува дека во финансиска криза некој клуб ќе се согласи да плати таква астрономска сума.
Erling Haaland's fee this summer is €180m, sources have told ESPN: https://t.co/ByDhj5hkmF pic.twitter.com/kvPqYQrDI9
— ESPN FC (@ESPNFC) March 26, 2021