Дома Топ вести Мурињо повторно победи: Беше на чекор од Челзи, ќе заврши во Јунајтед

Мурињо повторно победи: Беше на чекор од Челзи, ќе заврши во Јунајтед

Манчестер Јунајтед го доведе Ромелу Лукаку кој беше на чекор од трансфер во Челзи, а медиумите на Острвот тврдат дека Мурињо ќе му зададе нов удар на „сините“.

Имено, Тиму Бакајоко од Монако беше многу блиску до трансфер во Челзи, но наводно ќе заврши на „Олд Трафорд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бакајоко ја прифатил понудата од Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ на Монако ќе му платат 35 милиони фунти.

22-годишниот Французин имаше импресивна сезона во дресот на Монако и ја освои Лига 1, па беше голема желба на Антонио Конте, но се чини дека Челзи повторно доживеа пораз од Јунајтед.

Сеуште нема официјална потврда за трансферот, но медиумите на Островот се сигурни дека Бакајоко ќе заврши на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Не е само Трајков: Брера пред продажба и уште четири фудбалери за рекордна сума!

Тимот на Брера ја оствари целта која беше поставена и се избори за опстанок во најсилната …