Арсенал во последно време немаше многу среќа со големите трансфери, а сега спрема нов скап трансфер.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“ лондонскиот клуб е силно заинтересиран за фудбалерот на Бетис, Гвид Родригес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за аргентински играч за врска кој минатата година пристигна во Бетис од мексиканска Амерука за 3 милиони евра, но во договорот има откупна клаузула од 80 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да ја плати таа сума за да ја победи конкуренцијата, но има проблем во сопственоста на играчот.
Имено, Бетис е сопственик на 70% од неговите права, а останатите 30% се уште се во сопственост на Америка.
Токму поради тоа Арсенал не може да преговара и ќе мора да ја плати откупната клаузула.