Дома Фудбал Англија Бејл: Планирам да се вратам во Реал Мадрид

Бејл: Планирам да се вратам во Реал Мадрид

Герет Бејл даде многу интересна изјава за време на пресконференцијата со репрезентацијата на Велс.

Тој призна дека на крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид и дека дошол во Тотенхем само да ја одржи формата пред Европското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кај мене работите се јасни. Главната причина поради која дојдов во Тотенхем оваа сезона е за да играм фудбал. Сакав да бидам спремен за Европското првенство. Планот беше да дојдам во Тотенхем на една сезона, бидејќи имам договор на уште една година со Реал. Мојот план е да се вратам во Мадрид“, изјави Бејл.

Бејл се врати во Тотенхем во септември и до овој момент има постигнато 10 гола на 25 меча за „спарси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…