Дома Фудбал Останато Суарез со емотивно писмо по 500. гол во кариерата: Од Монтевидео до Мадрид…

Суарез со емотивно писмо по 500. гол во кариерата: Од Монтевидео до Мадрид…

Голот со кој Луис Суарез донесе победа на Атлетико Мадрид против Алавес во вчерашното 28. коло од шпанското првенство беше 500. во неговата кариера.

Пред почетокот на тој натпревар само тројца активни играчи можеа да се пофалат со таков учиок, а сега Суарез влезе во друштвото на Меси, Роналдо и Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот стрелец во шпанското првенство за водечкиот тим во Ла Лига постигна 19 голови, а во текот на кариерата освен за уругвајската репрезентација постигнуваше голови за Национал, Гронинген, Ајакс и Ливерпул.

Во отворено писмо кое го објави на друштвените мрежи Суарез се потсети на неговите почетоци.

„Тешко дека постои постои подобро место за учење и развој од Амстердам, а капитенската лента во еден клуб е големо нешто во кариерата. Ливерпул? Ливерпул беше посебен“, пишува Суарез, па се префрли на периодот во Барселона.

„Добив прилика да играм со најдобрите играчи во светот и да ја покорам Европа. Што повеќе можам да побарам“.
Сега е во Атлетико, пишува дека ужива и едвај го чека враќањето на навивачите.

„Можеби не знаете, но одигравте улога во секој мој гол“, се заблагодари Суарез на секој од Монтевидео до Мадрид, од 0 до 500.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…