Дома Фудбал Јунајтед на колена, Лестер во полуфинале 🎥

Јунајтед на колена, Лестер во полуфинале 🎥

Лестер го елиминираше Манчестер Јунајтед и се пласира во полуфиналето од ФА Купот.

Лестер подобро го отвори мечот и со голот на Ихеначо во 24-та минута дојде до водство. Десетина минути подоцна Манчестер Јунајтед ги врати работите на почеток со голот на Гринвут.

После полувремето домаќините доминираа на теренот и заслужено се пласираа во полуфинале.

Тилеманс во 54-та минута погоди за 2:1, а потоа Манчестер Јунајтед тргна на се или ништо. Ихеначо стави крај на надежите на „црвените ѓаволи“ со својот втор гол за конечни 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…