На синоќешните четири одиграни натпревари во НБА победа запишаа домашните тимови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Филаделфија на крилјата на одличниот Харис кој натпреварот го заврши со 29 поени и 11 скокови го победија Сакраменто со 129:105.
Нов триумф запиша и Милвоки над Сан Антонио со 120:113 и со тоа ја продолжија борбата за прво место во Истокот.
Волкер со 31 поен не беше доволен за Сан Антонио, додека за домашниот тим најдобар беше Јанис Антетокумбо со 26 поени и 15 скокови.
Мемфис со 111:103 беше подобар од Голден Стејт, додека ЛА Клиперс предводен од Пол Џорџ (21 поен) и Леонардо (17 поени) го победија Шарлот со 125:98.