Дома Фудбал Голем пресврт на Болоња: Тимот на Михајловиќ стигна од 0:2 до 3:2!

Голем пресврт на Болоња: Тимот на Михајловиќ стигна од 0:2 до 3:2!

Болоња во рамките од 28. Коло во Серија А славеше против Кротоне со 3:2.

Тимот на Синиша Михајловиќ направи голем пресврт. Болоња губеше со 2:0, а на крајот победи со 2:3.

Домаќините поведоа во 32. минута преку Месиас, а осум минути подоцна Сими од пенал ја зголеми предноста на својот тим. Со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел Болоња успеа да дојде до голем пресврт.

Соумаро во 62. Минута намали на 2:1, за во 70. минута Шотен да донесе изедначување. Триумфот на Болоња го донесе Сков Олсен кој погоди на пет минути пред истекот на регуларните 90.минути.

Кротоне е во тешка ситуација во Серија А, последен е на табелата со 15 освоени бодови и тешко дека ќе остане во Серија А. Болоња во овој момент е на 10. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…