Манчестер Јунајтед спрема изненадувачки трансфер и сака да го доведе голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинес.
Се погласни се шпекулациите дека Давид де Геа на крајот на сезоната може да биде продаден, а Серхио Ромеро исто така сигурно заминува на лето.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Дин Хендерсон сигурно останува на „Олд Трафорд“, но Солскјер сака да донесе уште еден квалитетен голман кој ќе му биде конкуреција.
Астон Вила го донесе Мартинес од Арсенал на почетокот на сезоната и за него плати 20 милиони фунти.
Аргентинецот игра одлична сезона и вече 14 пати успеа да ја зачува својата мрежа на 27 меча во Премиер лигата.