Дома Фудбал Италија Малдини потврди: Ако дојдеше Рангник, јас ќе заминев!

Малдини потврди: Ако дојдеше Рангник, јас ќе заминев!

Директорот и легенда на Милан, Паоло Малдини ги потврди шпекулациите дека минатото лето бил на чекор од заминување од клубот.

Генералниот директор Газидис сакаше да го донесе Ралф Рангник за нов тренер, а со тоа не се согласуваа Звонимир Бобан и Малдини.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Вистина е дека веднаш откако Бобан доби отказ, јас исто така сакав да си заминам. Бевме многу директни еден со друг и кажавме што мислиме. Бобан е многу подобар директор од мене и добро се надополнувавме, тој гледаше нешта кои јас не ги забележував“.

„Кога тој си замина јас останав до крајот на сезоната поради чуството на одговорност кон клубот. Ако дојдеше Рангник, јас немаше да бидам тука. Им го кажав тоа на сопствениците, имавме разговор, па работите се променија“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…