Дома Фудбал Германија Играчот на Баерн дојде на тренинг со “погрешен“ автомобил, па даде бизарно објаснување

Играчот на Баерн дојде на тренинг со “погрешен“ автомобил, па даде бизарно објаснување

Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман, се најде во центарот на вниманието поради бизарна казна која би можел да ја добие од својот клуб.

Коман на тренинг на Баерн пред неколку дена пристигнал со својот Мерцедес, но тоа може скапо да го чини бидејќи ги прекршил правилата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, познато е дека Ауди долго време е спонзор на баварскиот клуб и играчите по правило мора да доаѓаат со автомобилите на оваа марка.

Баерн годишно заработува околу 50 милиони евра од Ауди и јасно е зошто ова може да биде проблем за Коман.

Билд вчера објави дека Французинот сигурно ќе биде казнет, а се шпекулира дека казната ќе изнесува 50.000 евра. За него ова не е прв пат да го крши ова правило откако претходната година на тренинг дојде со Мекларен, а потоа беше казнет.

Коман се огласи и се обиде на бизарен начин да објасни зошто не дојде со Ауди на тренингот на Баерн.

„Сакам да му се извинам на клубот и Ауди што не дојдов на тренинг со својот службен автомобил. Причината е оштетениот ретровизор на моето Ауди. Сепак, тоа беше грешка. Како оправдување, ќе ја посетам фабриката на Ауди во Инглоштад и ќе им поделам автограми на вработените.“ – рече Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…