Синоќа во рамките на 28. коло од англиската Премиер лига Ливерпул го победи Волвс со 1:0, а во финишот на натпреварот страотна повреда заработи голманот на домашниот тим Руи Патрисио.
Патрисио се повреди во финишот на натпревар во директен судир со соиграчот Конор Коуди при обид да го одбрани ударот на Салах.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лекарскиот тим 15-на минути му пружаше лекарска помош, по што на носилки беше изнесен од теренот.
Тренерот на Вовлс, Нуно Санто после натпреварот откри дека голманот се чувствува добро.
„Само што добивме информација и тој е добро. Свесен е и се сеќава што се случи. Сите вакви ситуации со ударите во глава не загрижуваат, но сакам да испратам порака дека Патрисио е добар.“ – рече Нуно Санто.
¡CHOQUE EN LA CABEZA! 🤕
— Community Sports (@csportsag) March 15, 2021
El portero de los #Wolves, Rui Patricio, salió del campo del partido ante el #Liverpool por este aparatoso choquepic.twitter.com/EtTxAR8WyV