Во последниот натпревар од 28. коло во Премиер лигата Ливерпул му гостуваше на Волвс и славеше со минимални 1:0.
На Енфилд не се памети ваква криза, но кога веќе не може да освојува бодови на домашен терен (шест порази по ред), тогаш може барем на гостувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа актуелниот првак на Англија дојде до важна победа, а гол за одлука постигна Диого Жота во 45. минута.
Можеби се очекуваше повеќе од самиот натпревар, но гостите се среќни со резултатот и сега со 46 бода се на шестото место, пет помалку од Челси во борбата за место во ЛШ.
За жал, во финишот на натпреварот тешка повреда заработи домашниот голман Руи Патрисио, кој се судри со соиграчот Коуди.
The Goal of Diogo Jota for Liverpool in video ! 🤯🎥#WOLLIV #LFC 🔴 pic.twitter.com/Y1CNJNWQ2D
— Liverpool FC 🔴 (@Reds_ENG) March 15, 2021