Дома Трансфер зона Реал Мадрид го следи талентот на Осасуна

Реал Мадрид го следи талентот на Осасуна

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го следи 17-годишниот талент на Осасуна, Кристиан Мутилва, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мутилва е роден во 2003 година и важи за еден од најголемите таленти во Шпанија, игра како дефанзивец, а „кралевите“ останале воодушевени од неговите квалитети.

Тинејџерот игра во младиот тим на Осасуна и скаутите на Реал го следат веќе подолго време, па ќе се обидат да го купат на лето.

Мутилва се уште нема запишано меч за сениорскиот тим на Осасуна, а неговиот договор истекува во јуни.

Клубот сепак има опција да го задржи за уште две сезони, но Реал може да го добие неговиот потпис за 700.000 евра, сума која нема да биде проблем за „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…