Дома Фудбал Италија Капело: Интер веќе го освои Скудетото, му честитам на Конте

Капело: Интер веќе го освои Скудетото, му честитам на Конте

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело е убеден дека Интере веќе ја освоил титулата во Серија А и му честиташе на Антонио Конте.

Интер во неделата го совлада Торино со 2:1 додека Милан изгуби од Наполи со 1:0. Сега Интер има девет бода повеќе од градскиот ривал и десет од Јувентус со тоа што „старата дама“ има натпревар помалку.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Веќе со недели зборувам дека Интер го освои Скудеото. Го кажав тоа кога Милан изгуби од Специја и денес го потврдувам. Му честитам на Конте. Добро разбра како треба да го постави тимот и работеше интелигентно“, изјави Капело.

До крајот на сезоната има уште 11 кола, а дали Капело избрза ќе видиме на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија го доби терминот за битката против Данска

Македонија ќе се соочи против Данска во полуфиналето на баражот за пласман на Мундијалот. …