Талентираниот холандски напаѓач, Брајан Броби е нов играч на Лајпциг, потврди германскиот клуб.
Младиот напаѓач ќе остане во Ајакс до крајот на сезоната, а на лето ќе се пресели во Лајпциг каде потпиша договор до 2025 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Броби се смета за еден од најталентираните холандски фудбалери, па за Лајпциг ова е одличен трансфер бидејќи играчот доаѓа како слободен агент.
Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Лајпциг уште еднаш покажа дека одлично работи на трансфер пазарот.
Броби оваа сезона постигна 13 гола на 25 натпревари во сите натпреварувања.
+++ Transfer-🆙date +++
— Die Roten Bullen (@DieRotenBullen) March 12, 2021
Welkom, Brian #Brobbey! Der niederländische Stürmer wechselt zum 1. Juli 2021 von @AFCAjax zu #RBLeipzig, wo er einen Vertrag bis 2️⃣0️⃣2️⃣5️⃣ erhält.
Alle Infos 👉 https://t.co/ejoaihfOt5 pic.twitter.com/xmZTW5M5qR