Ливерпул синоќа со втора победа над Лајпциг се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Тренерот Јирген Клоп не крие дека целта на тимот е да ја освои титулата во Лига на шампиони, но смета дека неговиот тим не е фаворит.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
На прашање дали сака да ја освои 7-та титула во ЛШ, тој истакна дека тоа е единствена причина да се учествува на турнирот.
„Единствена причина да учествуваш на овој турнир е да го освоиш. Меѓутоа, не сме толку глупави да мислиме дека сме фаворити. Треба да го почекаме ждребот, но кој да го добиеме ќе биде тежок противник. Сепак ние треба да мислиме на Премиер лигата, потребни ни се натпревари за да се вратиме во форма“, истакна Клоп.