Репрезентацијата на Романија ќе биде прв противник на Македонија во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски настапува во Романија во редовите на Ботошани и сега за тамошните медиуми предупреди дека нашата селекцијата може да биде опасна.
„Атмосферата е одлична, после победата против Грузија и пласманот на ЕП. Македонија има фантастична генераиција, најдобра во нашата историја. Имаме искусни и одлични млади играчи. На Романија сигурно ќе и биде тешко, би се обложил дека нема Македонија да изгуби, дури мислам дека ќе победиме 0:1 или 1:2“.
Ашковски зборуваше и за Пандев.
„Пандев и на 37 години е од огромно значење за целата репрезентација. Тој е 70% од тимот! Не е само она што го прави на теренот, Горан знае како да ги собере сите околу себе. Лидер е и наш најдобар стрелец во националниот тим, како и врска помеѓу генерациите. Македонија е сосема различна репрезентација со него и без него на теренот. Секако тука се Барди, Несторовски…и другите кои имаат важна улога“, изјави Ашковски.
Македонија ќе и гостува на Романија на 25. март.