Синиша Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјта.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес Михајловиќ е тренер на Болоња и разговараше со легендарниот Алесандро Дел Пјеро кој е ангажиран како стручен коментатор за„Скај“. Болоња во тој натпревар изгуби 1:3 од Наполи, а Дел Пјеро го запраша Михајловиќ зошто Болоња ретко дава голови од прекини.
„Во наше време со вака поставен жив ѕид ќе дававме голови со заврзани очи. Во пензија сум и после 15 години на тренинзите давам повеќе голови од слободни од моите играчи. Мораш да имаш страст, да остануваш подолго да ја вежбаш техниката, мора соиграчите да се натпреваруваат меѓу себе…Цело време им ги кажувам тие работи“, одговори Михајловиќ.