Дома Фудбал Куман ќе навива за Реал во мадридското дерби

Куман ќе навива за Реал во мадридското дерби

Во недела на програмата е големото градско дерби помеѓу Атлетико и Реал Мадрид, а тренерот на Барселона Роналд Куман откири за кого ќе навива.

Атлетико моментално е лидер во првенството со 58 бода, а Реал и Барса имаат пет бода помалку и натпревар повеќе.

„За нас мечот против Осасуна е важен бидејќи во недела играат Атлетико и Реал, што значи дека една од двете екипи ќе загуби бодови. Осасуна е квалитетен противник, но мораме да освоиме бодови дома“, истакна Куман.

„Секогаш е подобро кога тимот кој има повеќе бодови загуби во дербито, во случајот тоа е Атлетико. Јас би сакал „јорганџиите“ да загубат бодови, тоа е нормално“, откри тренерот на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…