Дома Трансфер зона Милан не запира – сега ја сака ѕвездата на Јувентус!

Милан не запира – сега ја сака ѕвездата на Јувентус!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Јувентус и колумбиски репрезентативец, Хуан Квадрадо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, „росонерите“ веќе донесоа седум нови засилувања, но не мислам да застанат тука.

Тренерот Монтела и раководството сакаат да донесат уште еден играч за врска, еден централен напаѓач и едно крило.

Поради тоа „росонерите“ покажуваат интерес за Квадрадо од Јувентус, кој со доаѓањето на Бернардески ќе го загуби статусот во тимот на Алегри.

„Старата дама“ нема проблем да се раздели со Колумбиецот и бара 25 милиони евра, а медиумите тврдат дека може да дојде до размена така што Милан ќе го понуди Матиа де Шиљо и 10 милиони евра.

За Квадрадо покрај Милан интерес покажуваат уште Арсенал и Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…