Дома Трансфер зона Гвардиола го сака дефанзивецот на Аталанта

Гвардиола го сака дефанзивецот на Аталанта

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Аталанта, Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.

Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ на лето.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сити е во потрага по лев бек бидејќи на лето готово сигурно ќе се раздели со Зинченко, а Госенс е на врвот на листата желби.

26-годишниот Германец игра уште една фантастична сезона со Аталанта, а има договор со клубот од Бергамо до јуни 2022 година.

Поради тоа Аталанта ќе мора да го продава на лето, а Сити внимателно ја следи ситуацијата. Госенс оваа сезона на 30 меча има постигнато 9 гола и 6 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…