Дома Трансфер зона Јувентус започна преговори со Депај

Јувентус започна преговори со Депај

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде Мемфис Депај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Депај влезе во последната година од договорот и сигурно на лето ќе го напушти Лион како слободен агент.

Тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а „бјанконерите“ сакаат што поскоро да постигнат договор со Холанѓанецот и уште сега да потпишат преддоговор.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Депај силен интерес покажуваат уште Барселона и Милан.

Барселона наводно се повлекла од преговорите бидејќи не се знае дали Куман ќе остане на кормилото, па сега Јувентус е фаворит за Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…