Тренерот на Барселона, Роналд Куман нема никаква намера да си замине на крајот на сезоната, независно кој ќе победи на претседателските избори во клубот.
Во недела ќе биде избран нов претседател, а медиумите тврдат дека кој и да биде избран големи се шансите тој да донесе нов тренер на лето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Се уште не сум зборувал со никого за мојата иднина, бидејќи треба да почекаме и да видиме кој ќе биде претседател. Потоа ќе се сретман со него и ќе зборуваме. Ако тој мисли дека јас нема да бидам важен за во иднина, ќе имаме проблем, бидејќи јас имам договор на уште една сезона“, се закани Куман.