Изгледа дека шансите Европското првенство да се одигра само во Велика Биртанија.
Главната причина е вакцинацијата, за викендот бројката од вакцинирани во Британија надмина 20.000.000. Премиерот Борис Џонсон е еуфоричен и убеден дека во земјата брзо ќе завршат мерките.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Засега УЕФА стои на ставот Европското првенство да се игра во 12 земји, сепак тоа би можело да се промени. Од Британија порачаа дека тие се спремни, а се шпекулира и дека Чеферин нема ништо против ако ситуацијата со короната не се смири.
„Ние секако сме домаќинји на ЕП. Домаќини сме на полуфиналето и финалето. Ако сакаат може да го организираме цело првенство, ние сме за“, јасно порача премиот Џонсон.
Ваквата информација е лоша вест за македонските фанови (секако доколку има публика) затоа што според првичниот план Македонија треба да игра два натпревари во Букурешт и еден во Амстердам. Букурешт секако е дестинација до која полесно може да се дојде од Британија.