Лионел Меси во својата кариера освои се што можеше да освои, но многумина му замеруваат што не успеа да направи нешто поголемо со репрезентацијата на Аргентина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меси со „Гаучосите“ неколку пати играше во финалето на Копа Америка, а има и финале на Светското првенство во 2014 година кое се играше во Бразил.
Аргентинците во 2014 година стигнаа во финалето, но во тоа финале на продолженија беа поразени од Германија со 1:0.
Иако многумина му приговараат на Меси за тоа што не освоил ништо, изгледа сега аргентинските медиуми почнуваат да сфаќаат дека Меси во таа година направил многу и покрај тоа што не стигнал до трофејот.
Во центарот на вниманието сега е составот од финалето, а многумина порачаа дека е огромен успех што Меси со ваков тим успеал да ја одведе Аргентина до финалето.