Дома Топ вести Алиоски го напушта Лидс како слободен агент

Алиоски го напушта Лидс како слободен агент

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски на лето најверојатно ќе го напушти Лидс и веќе е во потрага по нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Алиоски со Лидс истекува на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на соработката пропаднале.

Според последните информации од Англија, Алиоски веќе им најавил на неговите агенти да му бараат нов клуб.

Алиоски во неколку наврати истакна дека негов приоритет е останување во Лидс, но очигледно двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Македонскиот репрезентативец е стандарден првотимец во Лидс, а со оглед на фактот дека ќе биде слободен агент, сигурно нема да му биде тешко да си најде нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…