Челзи предводен од Томас Тухел бележи добри резултати, а викендов на програмата е големото дерби со Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тухел пред натпреварот призна дека најтежок пораз во неговата кариера му беше од Манчестер Јунајтед, кога седеше на клупата на ПСЖ.
Тогаш „светците“ победија на Олд Трафорд со 2:0, но Јунајтед ги шокираше во Париз со 3:1.
„Тоа е најтешкиот пораз во мојата кариера, дојде од никаде. Бев во мрак цели два дена“, изјави Тухел.
„Ова е сосема друг натпревар. Сакаме да играме со силни тимови, сакаме победи и добра игра. Се надевам дека ќе ја имаме во недела“, додаде Германецот.