Дома Останати Кошарка Теодосиќ и официјално се сели во Лос Анџелес

Теодосиќ и официјално се сели во Лос Анџелес

Српскиот интернационалец, Милош Теодосиќ својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Лос Анџелес Клиперс, пренесува ЕСПН.

Доскорешниот плејмејкер на ЦСКА Москва потпиша двегодишен договор вреден 12,3 милиони долари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Теодосиќ ќе се обиде да го замени еден од најдобрите плејмејкери во лигата, Крис Пол кој неодамна потпиша за Хјустон.

Изминатата сезона, Србинот запиша 16,1 поен и 6,8 асистенции просечно, покрај 38,1% шутеви за три поени.

Во тимот од Москва настапуваше од 2011. до 2017. година, а минатата сезона со тимот ја освои Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Совршената серија на Денвер продолжува. Нов трипл-дабл на Јокиќ

КОШАРКАРИТЕ на Денвер Нагетс триумфираа над Јута Џез со резултат од 130:117. Впечетливиот …