Дома Видео Докторски потег на Џерард: Го внесе во игра и постигна погодок за 16 секунди

Докторски потег на Џерард: Го внесе во игра и постигна погодок за 16 секунди

Фудбалерите на Ренџерс вечерва на свој терен го играат реванш натпреварот од 1/16 финалето во ЛЕ против Антверп.

Првиот натпревар Реџерс во гости го доби со 4:3, а и вечерва добро го започнаа натпреварот со погодок во деветата минута.

Антверп успеа да изедначи со гол на Рафаел во 32. минута.

Сепак, потоа на сцена стапи тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард кој направи докторски потег.

Џерард на полувремето во игра го внесе Патерсон, а тој за само 16 секунди постигна гол за 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…