Toмас Милер после паузата од корнавирусот почна со тренинзи, а медиумите во Германија најавуваат дека би можел да се најде во составот на Германците за натпреварот со Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германските медиуми пишуваат дека Лев може да го врати Милер за натпреварот токму за натпреварот против нас кој е закажан за 31. март и треба да се игра во Дуисбург.
Ќе потсетиме, Милер од 2018 година не игра за селекцијата на Германија, не е откажан едноставно Јоаким Лев не го повикува и неговата таква одлука предизвикува реакции во тамошната јавност.
Сега медиумите наведувајќи извори блиски на селекторот шпекулираат дека тој ќе биде вратен за мартовскиот циклус.