Дома Фудбал Меси ја водеше Барселона до победа против Елче 🎥

Меси ја водеше Барселона до победа против Елче 🎥

Фудбалерите на Барселона победија вечерва на свој терен против Елче со 3:0 во заостанатиот натпревар од првото коло.

Барса до предност можеше веќе во втората минута кога шанса пропушти Тринкао, но голманот на гостите го одбрани неговиот удар. Само три минути подоцна се закани Елче.

Одлична шанса Тринкао имаше во 20. минута. Направи одличен слалом низ одбраната, но лошо шутираше. Барселона поведе на почетокот на вториот дел Меси по еден продор проигра дупли пас со Брајтвајт и го матираше голманот на Елче.

До втор гол Каталонците дојдоа во 69. минута. Овој пат асистираше Де Јонг, а егзекутор одново беше Меси. Само четири минути подоцна Брајтвајт запиша уште една асистенција за Алба да ги постави конечните 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …